Господари на Земјите 2025 - Турнир по повод 20-годишнината на Империја Онлајн



- Почеток на 18.08.2025 во 15:00 часот, време по сервер [GMT +2]
- Влезна такса - БЕСПЛАТНА
- Времетраење - 30 дена


Општи услови



- Се допуштаат регистрации единствено на профили над 10-то ниво. За профилите од верзија 5, каде што нема нивоа, условот е тие да бидат на повеќе од 500 нето економски поени и да се регистрирани пред повеќе од 1 седмица. Официјално вработените во Imperia Online немаат право на учество.


Правила на игра во турнирот



- Брзина на развој на империите – Мега Блиц (x10).
- Сите играчи почнуваат со по 1 милион од секој ресурс.
- Брзина на движење на личните војски – x10.
- Сојузите ќе бидат составени од до 15 играчи.
- Учесниците во „Господари на Земјите“ ќе се натпреваруваат во 3 различни фази.
- Фаза I (18.08 – 21.08) – сите учесници формираат сојузи од најмногу 15 играчи. Сите сојузи преминуваат во Фаза II.
- Во текот на Фаза I, по почетокот на светот, играчите ќе можат слободно да влегуваат и излегуваат од сојузите. По завршувањето на фазата, сојузите ќе бидат заклучени за промени – опциите за исфрлање, влегување, напуштање или канење нема да бидат достапни.
- Ако после Фаза I има играчи без сојуз, тие ќе бидат блокирани и нема да можат да продолжат.
- Фаза II (21.08 – 28.08) – сите сојузи се искачуваат во рангирањето за да се квалификуваат за Фаза III.
- Фаза III (28.08 – 17.09) – само првите 24 сојузи ќе се квалификуваат за пристап до мапата на турнирот: првите 12 ќе се борат во Платинестата лига, а сојузите од 13-то до 24-то место – во Златната лига, на одделни мапи на турнирот. Останатите сојузи ќе продолжат со игра, но нема да имаат пристап до мапите на турнирот и нема да имаат право на награда.
- Во секоја Лига, 12 сојузи ќе бидат распоредени на мапа со 169 зони – 12 штабови, 36 ексклузивни, 105 независни и 16 празни.
- Штабовите се почетна точка на мапата за секој сојуз. Тие не генерираат поени и секој штаб е опкружен со 3 незаземени зони кои се ексклузивни и не можат да бидат освоени од друг сојуз.
- Војска во сојузот може да се донира само во Штабот на сојузот.
- Независните зони можат да се освојат од сите сојузи со испраќање на војска за напад врз независниот замок кој ја држи зоната. Откако успешно ќе ја намалите војската на независниот замок на помалку од 1000 единици вкупно, територијата се смета за освоена. Започнува период на затишје од 1 час, во кој зоната не генерира поени. Истовремено започнува и 2-часовен период во кој непријателските сојузи не можат да ја нападнат зоната додека не заврши тој период. Во текот на овој период не може да се испраќаат напади од зоната. Шпионски мисии до и од зоната остануваат возможни.
- Непријателска зона се освојува кога нивото на нејзината Тврдина ќе достигне 0. Секоја успешна опсада на тврдината го намалува нејзиното ниво за 1.
- Откако ќе завршат периодите на мирување, зоната почнува да генерира поени за рангирањето на сојузот и е отворена за напади.
- Независните зони можат да генерираат различни количества поени на час. Тие се опишани во описот.
- Празните зони се надвор од границите и не може да се извршуваат никакви дејства на нив.
- Напади можат да се испраќаат само од веќе заземена зона на сојузот кон соседна зона, која е независна или веќе заземена од друг сојуз.
- Брзината на движење на сојузните војски помеѓу зоните е х10.
- Растојанието помеѓу зоните е 200 империјални милји, а растојанието за донирање војска до сојузните поседи е 500 империјални милји.
- Сите дејства можат да се извршуваат само од зоната во која играчот моментално се наоѓа.
- Зоните во кои има некаква сојузна војска, ќе бидат маркирани на мапата на турнирот со знаме во центарот на зоната.
- Непријателските зони во кои има војски не се прикажуваат на мапата на турнирот. Разузнавачки информации може да се добијат преку шпионажа.
- Секоја зона која е под напад ќе биде означена со штит во горниот десен агол на зоната. Секоја зона која вашиот сојуз ја напаѓа ќе биде означена со меч во горниот десен агол на зоната.
- Испраќањето на војска од една зона во друга се случува само помеѓу зони кои имаат непрекината врска. Ако две зони се разделени со независна зона или зона окупирана од друг сојуз, војските не можат да се преместат од едната во другата.
- Ако војска биде испратена во друга зона која за време на мисијата била освоена од напријателски сојуз, војската ќе се врати во првобитната зона. Во случај и првобитната зона да е освоена, војската се враќа во штабот.
- На крајот од Фаза III, победник е сојузот со најголем број поени собрани на мапата на турнирот. Критериумите при равенство се: број на нето поени, број на членови, порано регистрирање (по тој редослед).
- Лимитот за распоредена војска во сојузен посед е зголемен на 900 милиони војници.
- Нивото на варварска закана ќе се зголемува 10 пати побрзо од нормалното.
- Секој варварски камп може да праќа напади против играчи кои се наоѓаат на максимум 250 растојание, наместо на 70.
- За секој победен варварски камп, играчот ќе добива 25% повеќе сила на нападот на варварите.
- Сила што се зголемува кај Варварските кампови - секој победен Варварски камп од играч, ќе ја зголемува војската на следниот нападнат Варварски камп со одреден процент. Зголемувањето е специфично за играчот кој напаѓа и нема да се одразува кај војската, која други играчи ја гледаат во кампот. Модификаторот за зголемување на Варварската војска во камповите се враќа до својата првична вредност на почетокот на секој ден.
- Бројот напади, кои секој играч може да ги испраќа кон варварски кампови е ограничен до 30 напади на ден. Ова исто така значи дека и максималната очекувана сила на варварски напад, којашто може да биде достигната е 500%.
- Профилирањето на војска ќе биде достапно.
- Издржувањето на војската ќе варира во зависност од тоа каков процент составува војската од нето економските поени на играчот.
- После 7 часа, единиците со завршена обука ќе бидат автоматски мобилизирани на логин или на секој час додека играчот е онлајн.
- Напаѓачот веќе нема да добива злато за ограбеното население, а 50% од него. Запленетото население ќе се растоварува во поседот од кој бил испратен нападот.
- Генерирањето ресурси во ресурсните наоѓалишта веќе ќе зависи од развојот на светот: во текот на сезоната секое наоѓалиште ќе генерира растечко количество ресурси. Времето за патување до наоѓалиштата е намалено, што ќе дозволи побрзо собирање на ресурси, а воведуваме и нов вид ресурсно наоѓалиште - Златно. Освен тоа, капацитетот за собирање на вашите војски е зголемен со 50%, а вкупниот број на ресурсните наоѓалишта е намален на 30.
- Нема собирни пунктови и сојузни замоци на глобалната мапа.
- Играчите ќе можат да избираат управувања за своите империи.
- Играчите ќе можат да ги испраќаат сите видови ресурси на своите сојузници.
- Играчите ќе можат да им праќаат засилувања на своите сојузници.
- Играчите ќе може да обновуваат 35% од изгубените во битка единици за дијаманти, независно од нивото на Воената медицина.
- Бесплатното обновување е ограничено до 65% од единиците изгубени во битка - 15% основно, со тоа што секое ниво Воена медицина го зголемува обновувањето со 0,5% за напаѓачи и 1% за бранители.
- Сојузниот Премиум ќе биде со еднокрана наплата и ќе биде активен за целото време на турнирот.
- Личниот Премиум ќе биде со еднокрана наплата и ќе биде активен за целото време на турнирот.
- Подигнувањето на дијаманти од сојузната ризница нема да биде возможно.
- Без турнири.
- Без мод Одмор.
- Без Глобални настани.
- Без Сојузни настани.
- Ќе биде достапна херојска војска.
- Без медали од лигите.
- Ќе бидат достапни тркало на среќата, лотарија и дневни мисии.
- Чувањето на профили ќе биде достапно само помеѓу сојузници.


Рангирање



- Фаза I – сите играчи ќе продолжат во следната фаза само ако станат дел од сојуз со најмногу 15 членови. По завршувањето на фазата, сојузите ќе бидат заклучени за промени и опциите за исфрлање, приклучување, напуштање или покана нема да бидат достапни. Доколку има играчи без сојуз по завршување на Фаза I, тие ќе бидат блокирани и нема да можат да продолжат понатаму.
- Фаза II – сите сојузи ќе се борат за првите 24 места во рангирањето, кое се формира според вкупниот збир на нето поените на членовите на сојузот. Кога има изедначување, се применуваат следните критериуми: бројот на членови во сојузот; времето на формирање на сојузот (по тој редослед). Само првите 24 сојузи ќе добијат пристап до мапата на турнирот – сојузите рангирани од 1 до 12 место ќе се борат во Платинестата лига, а оние од 13 до 24 место – во Златната лига, на одделни мапи на турнирот. Останатите сојузи ќе продолжат да играат, но нема да имаат пристап до двете мапи на турнирот и нема да имаат право на награди.
- Фаза III – победник е сојузот со најголем број поени генерирани на мапата на турнирот за секоја лига. Кога има изедначување, се применуваат следните критериуми: број на нето поени, број на членови во сојузот, порано регистриран сојуз (по тој редослед).


Награди:



- Членовите на сојузите, кои ќе завршат на првите 3 места во финалното рангирање на секоја лига, ќе добијат шампионски медали Господари на Земјите за Платинеста лига, и шампионски ордени за Златната лига, во нивните профили.
- Членовите на сојузите, кои се квалификувале за секоја лига, и не добиле други медали, ќе бидат наградени со медал за учество.
- Специјален медал – сите членови на тимови, кои се квалификувале за Фаза II, ќе добијат специјален медал, без разлика дали веќе имаат други медали, или не.
- Сојузите, кои ќе се рангираат во топ 12 во рангирањето на Платинестаа лига, ќе добијат дијаманти, како што следува: 1-во место – 6 900 000 привремени дијаманти, 2-ро место – 5 800 000 привремени дијаманти, 3-то место – 4 900 000 привремени дијаманти, 4-то место – 4 200 000 привремени дијаманти, 5-то место – 3 600 000 привремени дијаманти, 6-то место – 3 100 000 привремени дијаманти, 7-мо место – 2 700 000 привремени дијаманти, 8-мо место – 2 300 000 привремени дијаманти, 9-то место – 2 000 000 привремени дијаманти, 10-то место – 1 700 000 привремени дијаманти, 11-то место – 1 500 000 привремени дијаманти, 12-то место – 1 300 000 привремени дијаманти.
- Сојузите, кои ќе се рангираат во топ 12 во Златната лига, ќе добијат дијаманти, како што следува: 1-во место – 1 200 000 привремени дијаманти, 2-ро место – 1 100 000 привремени дијаманти, 3-то место – 1 000 000 привремени дијаманти, 4-то место – 900 000 привремени дијаманти, 5-то место – 800 000 привремени дијаманти, 6-то место – 700 000 привремени дијаманти, 7-мо место – 600 000 привремени дијаманти, 8-мо место – 500 000 привремени дијаманти, 9-то место – 400 000 привремени дијаманти, 10-то место – 300 000 привремени дијаманти, 11-то место – 200 000 привремени дијаманти, 12-то место – 100 000 привремени дијаманти.